Ќерката на порашениот шеф на Формула 1, Берли Еклстон, Тамара, доби ќерка, пишува „Дејли мејл“. Таа се породила во болница во Швајцарија, а со сопругот Џеј Ратланд на ќерката ѝ го дале името Серена.
Според пишувањата на светските медиуми, Тамара се породила минатата недела. Веста ја потврди и Берни, кој вели дека се чувствува како горд дедо.
„Многу сум возбуден што повторно станав дедо. Тамара роди девојче во истата болница во која се роди мојот син Аце. Мајката и бебето се чувствуват одлично. Ја крстија Серена и веќе прошетаа низ градот“, изјавил Берни.
Медиумите пренесуваат дека Тамара вешто ја криела бременоста целото ова време. Преку лето одморала покрај хрватското крајбрежје. Двојката веќе ја има петгодишната Софија.
Тамара неодамна откри дека пред да забремени истражувала повеќе диети, а по раѓањето вели дека престанала да се грижи за килограмите.
„Повеќе не морам да бидам слаба и убава. Тоа не ми е приоритет. Постојат многу поважни работи на кои жената може да се фокусира. Јас сакам мојата Софија тоа да го научи. Здравјето е многу поважно“, изјавила Тамара.