Јас сум среќен човек, го победив вирусот, принцот Чарлс за лошото искуство со короната

By

Синот на британската кралица Елизабета, принцот Чарлс кој заболе од опасниот коронавирус, вели дека имал многу среќа што успеал да ја победи заразата и да се излечи од „Ковид-19“.

Тој во интервју за Sky News вели дека ги разбира сите оние кои што го имале вакво искуство и дека сочувствува со сите оние кои ги изгубиле најблиските и кои не можеле да бидат со нив пред самиот крај.

„Според мене тоа е нешто најужасно што може да ве снајде. Но, за да го спречиме ова да се случува и на други луѓе, јас сум цврсто одлучен да барам излез“, изјавил Чарлс.

Тој објасни дека луѓето мораат да излезат посилни од сето ова и да научат од грешките. Во спротивно во иднина не очекува пострашна судбина.

„Колку повеќе ја уништуваме природата, повеќе ја уништуваме биолошката разновидност и се изложуваме на вакви опасности. Се соочивме и претходно со катастрофи слични на коронавирусот, како што беше примерот со Еболата. Сите тие работи се поврзани со губитокот на биолошката разновидност“, објаснува принцот.

Чарлс вели дека луѓето мораат да најдат начин да ја вратат природата онаква какво што била пред да ја загадиме. Чарлс смета дека планетата одамна требало да ја третираме како пациент кој треба да се лекува, а ако тоа се направело навремено, немаше да дозволиме да се најдеме во ваква ситуација.

 

Ќе ви се допадне