Кејт Мидлтон решила веќе да не ѝ помага со совети на својата јатрва Меган Маркл, особено не за тоа како да се однесува на кралските церемонии, пишуваат британските медиуми. Според пишувањата, доказ за тоа било и што Меган се појавила на балконот на Бакингамската палата со голи рамења, што не е според протоколот.
Меган, пишуваат медиумите, се обидувала што повеќе да ѝ се приближи на кралицата Елизабета, а тоа ја нервирало Кејт. Според таблоидите, кои се повикуваат на извори блиски до кралското семејство, принцовите Вилијам и Хари се сосем рамнодушни на ваквиот натпреварувачки однос меѓу нивните сопруги.