Каде има чад, има оган: Актерот се разведе, убавицата раскина, а два месеци подоцна – тие се во врска

Холивудските ѕвезди Џошуа Џексон (45) и Лупита Нионго (40) неодамна беа забележани заедно во Лос Анџелес, со што ги потврдија гласините дека се во врска. Официјалната потврда доаѓа само два месеци откако актерот се разведе од Џоди Тарнер Смит, а актерката ја напушти Селема Масекела.

Оскаровецот беше во брак помалку од четири години, а тој и Лупита, која беше прогласена за најубава жена на светот во 2014 година, веќе беа видени заедно на концерт во октомври.

Тие изгледаа многу опуштено додека беа на шопинг; Џошуа за оваа пригода носеше бела маица и фармерки, додека Лупита носеше цветен топ, кафени широки панталони и капа и очила за сонце.

И двајцата подоцна влегле во неговиот автомобил и се упатиле во непознат правец.

Scroll to Top