Кајли Џенер донираше милион евра за маски и заштитна опрема

Американската ѕвезда Кајли Џенер донираше милион евра за маски и заштитна опрема. Таа парите кои ги заработи од својата козметичка линија, ги донираше за помош за здравствените работници кои ги лечат пациентите заразени од коронавирусот, пренесува „Дејли Мејл“.

„Останав без зборови. Солзи ми потекоа од радост, а срцето ми се исполни со благодарност. Фала ти Кајли, ти си мојот јунак. Оваа донација ќе спаси многу животи“, изјавила лекарката која ја породила Кајли.

Претходно Кајли на социјалните мрежи ги замоли сите свои пријатели да останат дома и да не излегуваат. На таков потег ја замоли шефот на службата за јавно здравје на САД, Џером Адамс.

Адамс во емисијата „Добро утро Америка“, Кајли ги повика сите инфлуенцери, а особено Кајли Џенер, која во моментов има на „Инстаграм“ профилот 166 милиони обожаватели, со своите објави да помогне во подигање на свеста, особено кај младите луѓе, за сериозноста на ситуацијата.

„Особено е тешко со децата од 14 и 15 години. Што да им кажеш, тие не се придржуваат на тоа“, изјавил Џером.

Тој додаде дека многу млади генерации го игнорираат карантинот, а не се свесни дека и на нив им се заканува опасноста од заразата коронавирус.

 

 

Scroll to Top