Кајли Џенер ѝ купи црвено „ферари 488“ на својата мајка Крис. Автомобилот, кој чини 250 000 долари, е подарок за нејзиниот роденден. Кајли на Инстаграм објави видео од автомобилот врзан со бела панделка и напиша: „488 за кралицата. Подарок за роденден”.
„Тоа е автомобилот од соништата на мојата мајка. Го кријам веќе еден месец и денес конечно ќе ѝ го покажам“, откри Кајли во видеото.
Крис на 5 ноември ќе наполни 63 години. Кајли е нејзината најмала ќерка. Освен на Кајли, таа е мајка и на Ким, Клои и Кортни Кардашијан, и на Кендал Џенер.
https://www.instagram.com/p/BpiqCIwnp9V/?taken-by=kyliejenner