Кајли Џенер може да оди во затвор затоа што лажела дека е милијардерка

Кајли Џенер може да заврши во затвор затоа што лажела дека е милијардерка, пренесуваат светските медиуми. Тие на големо пишуваат за текстот на „Форбс“, во кој се тврди дека Кајли всушност не е милијардерка и дека таа се служела со голем број лаги и манипулации од компанијата за да изгледа дека е многу богата.

Џенер исплетла мрежа на лаги за податоците на нејзината компанија и ги „надувала“ обемот на работа и успесите, а ниту во исплатата на даноците не била чесна, пишува „Форбс“. Нејзиниот адвокат напоменува дека ваквиот текст може да ѝ предизвика на Кајли сериозни законски проблеми.

„Мојата претпоставка е дека минимум што SEC, комисијата за размена на хартии од вредност, ќе почне да  прави е тоа што го нарекуваат неформална истрага. Потоа, можеби ќе стигнат до ниво на формална истрага, која ќе резултира со судска покана“, изјавил адвокатот Јан Хандзлик, за светските медиуми.

„Ако Министерството за правда одлучи ова да стане кривичен случај, ако дојде до осудителна пресуда, тоа би можело да вклучи и затворска казна за сите кои се одговорни во овој случај“, истакнал поранешниот сојузен обвинител.

„Не знаеме дали постои тука нешто што не е видливо со око. Но, земајќи ги  предвид обвинувањата, сигурно постои основа да се спроведе истрага, која можеби подоцна ќе напредува во извршна акција и кривично гонење“, додал тој.

По ваквите шокирачки тврдења и објавениот текст на „Форбс“, се огласи и Кајли Џенер на својот „Твитер“.

„Со што се разбудив денес. Мислев дека ова е угледен сајт. Сè што гледам тука се бројни неточни изјави и недокажани претпоставки. Никогаш не сум барала никаква титула, ниту сум се обидувала да лажам. Дури и даночните пријави се веројатно фалсификувани. Тоа е вашиот доказ? Значи само мислите на фалсификување? Но, океј. Благословена сум. Имам прекрасна ќерка и успешна работа и работите ми одат перфектно“, напишала Кајли.

 

 

Scroll to Top