Кајли Џенер на Инстаграм објави неколку фотографии и видео од јахта. Многу луѓе беа загрижени поради тоа што можеа да го видат во позадината, бидејќи зад неа се гледаат темни облаци и молњи и се слушаат громови.
Во описот на објавата таа напиша „Мајка на бурите“ и додаде емотикони од облаци и молњи.
Неколку нејзини следбеници истакнаа колку е опасно за неа да се потпре на метална ограда за време на невреме со грмотевици.
„Ова е болно“, ѝ напиша Клои Кардашијан.
„Да се држиш за метална ограда за време на гром е лудост“, „Некој да и каже дека може да ја погоди гром“, „Се надевам дека се сврте и отиде на другата страна“, се само дел од коментарите.
Речиси 400 милиони луѓе ја следат на Инстаграм, а оваа објава собра повеќе од седум милиони лајкови.