Австралиската поп-пејачка Кајли Миног (52) и направи проблеми во бизнисот на американската старлета, која го носи нејзиното име Кајли Џенер. Џенер поради Миног не може да го заштити своето име како бренд.
Адвокатите на Миног веднаш реагирале откако пред три години Џенер сакала да го патентира своето име. Тие испратиле писмо до американската Канцеларија за патенти и трговски марки, институција која е одговорна за заштита на интелектуална сопственост и авторско право.
Тие напишале дека Џенер нема право да го заштити своето име, затоа што нивната клиентка е веќе меѓународно призната пејачка, хуманитарка и активистка за борбата против ракот на дојката. Таа е позната во светот како Кајли, додека Џенер ја нарекле споредна реална и телевизиска личност.
Австралиската пејачка е позната по нејзините брендови. Таа уште пред десет години ги лансираше своите производи, а на нејзината страна можат да се најдат разни работи, од игла па се до локомотива, велат нејзини блиски пријатели.
Цените на производите се прифатливи, па дури и многу поевтини во споредба со други познати брендови. Денес богатството на Кајли Миног се проценува на околу 60 милиони долари.
Според странските медиуми, таа заработила повеќе од брендот отколку од пеењето.
На нејзината официјална веб-страница може да се најдат и капи, козметика, долна облека, торби, дуксери, па дури и алкохолни пијалаци што самата ги дизајнирала. Но, Кајли има еден проблем, кој се вика Кајли.