Австралиската пејачка Кајли Миног го заврши снимањето на новиот студиски албум по три години. Таа преку „Твитер“ ја најави неговата промоција.
Албумот со наслов „Голден“ е сниман во Нешвил, а Кајли напиша: „Доаѓаат златни времиња“.
„Го финализиравме албумот за само две недели. Времето поминато во Нешвил беше клучно за заокружување на приказната. Секоја песна е мала приказна што ја надополнува следната“, изјавила Кајли.
Таа не го открила датумот на неговата промоција, но се очекува да се појави во продажба околу средината на годината.