Позната модна куќа за изнајмување облека го тужела раперот Канје Вест бидејќи не ѝ ја вратил дизајнерската облека на куќата. Вест е тужен за повеќе од 400.000 долари затоа што не вратил 13 дизајнерски предмети од Хелмут Ланг, Раф Симонс и Ен Демелемистер.
Според тужбата, Канје не платил кирија од 2020 година за ретките, ценети парчиња кои никогаш не ги вратил во „Архивата Дејвид Касавант“, услуга која често ја користат други ѕвезди како Ким Кардашијан, Лејди Гага, Том Брејди, Фарел, 21 Савиџ. и Соланж.
Вест наводно ги поседува и повеќе не плаќа за дуксери, наметки, карго панталони.
Од „Архивата на Дејвид Касавант“ велат дека со раперот работат од 2014 година и дека досега немале никакви проблеми со него. Тие тврдат дека изнајмил 49 парчиња облека во февруари и март 2020 година и вратил 36 од нив.