Како Дијана ѝ се спротивставуваше на кралицата

Принцезата Дијана беше легендарна и најверојатно никогаш повеќе нема да видиме толку храбра припадничка на кралското семејство.

Таа имаше слободен дух и живееше за своите деца, а не за тоа дали кралицата Елизабета ќе ги одобри нејзините постапки.

Како принцезата Дијана ѝ се спротивставуваше на кралицата?

Избра свршенички прстен од каталог

Дијана имаше 19 години кога се сврши со принцот Чарлс и живееше во духот дека парите не се важни, па не сакаше за неа да има специјално рачно изработен свршенички прстен.

Таа едноставно избра прстен од каталог, а сега тој прстен го носи Кејт Мидлтон.

Носеше свршенички фустан купен во последен миг

Иако, нам ни изгледа преслатко, овој изглед на Дијана се сметаше за еден од најконтроверзните. Наводно таа го купила фустан од Harrods во последен миг бидејќи била одбиена од ексклузивниот бутик Belville Sassoon затоа што не ја препознале дека е принцезата.

Потоа тие сфатиле за грешката и ја пречекувале со отворени раце, но било предоцна.

Одлучи да напише свои свадбени завети

Кога станува збор за кралските завети тие се традиционални. Кралицата Елизабета ја обожава традиција, но не и Дијана.

Таа напиша нешто свое од срце и изјави: „Јас не ги следам правилата. Мене ме води срцето, а не главата.“ Потоа истото го сторија и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Опседната беше со XXL парчиња облека

Принцезата Дијана не беше традиционална принцеза која секогаш се појавува во фустани. Нејзин препознатлив знак беа палтата, особено оние XXL, кои се во тренд и денес.

Кралицата не ја сакаше оваа навика на Дијана затоа што сметала дека една принцеза мора да носи облека во соодветен број за нејзиното тело.

Не сакаше да работи премногу

Неа на прво место ѝ беа децата и целиот распоред го правеше според нив. Обврските можеа да почекаат затоа што Вилијам и Хари ѝ беа приоритет.

Иако беше принцеза, таа секогаш прво беше мајка и не обожаваше кога треба да ги остава со дадилки.

Ги запиша децата во јавно училиште

Во британското кралско семејство децата традиционално не се испраќаат во јавни училишта, но принцезата Дијана инсистираше на тоа.

Принцот Вилијам е првиот наследник на трон што се едуцирал во јавно училиште.

Облече провокативен „фустан за одмазда“

Ретко ги гледаме кралските дами во кратки, тесни фустани со длабоко деколте и голи раменици. Дијана се осмели на таков потег и тоа стана еден од нејзините најиконски стајлинзи.

Ова го стори како одмазда кога отиде на настан само неколку дена откако принцот Чарлс го призна своето неверство. Знаеше дека сите очи ќе бидат насочени кон неа поради нејзиниот лош сопруг.

Сакаше обичен начин на живот

Таа пред да стане дел од кралското семејство водела нормален живот, па и кога стана принцеза сакаше колку што може да го задржи тоа.

Меган Маркл на пример веднаш ги избриша профилите од социјалните мрежи, но Дијана не ги прифаќаше правилата и одеше против кралицата. Нејзините деца ги водеше со јавен превоз на хамбургери, на пример. Сакаше тие да го искусат животот.

Не сакаше да носи шапки

Кралските дами мора да носат шапки, колку повеќе, толку подобро. Но, Дијана сметаше дека шапките ја прават непристапна.

Во една пригода таа изјави: „Не можете да галите и прегрнувате дете со шапка на главата.“

Беше храбра во зборувањето со медиумите

Таа не го следеше кралскиот протокол и во 1995 година направи тајно интервју со BBC, каде беше комплетно отворена за своите мисли и чувства и откри многу детали од приватноста.

Во тој период сакаше да преземе контрола врз својот живот и да им каже на луѓето дека е загрижена да не ги разочара.

Одби да исчезне

Кралицата сигурно очекуваше дека по разводот со нејзиниот син Чарлс, Дијана конечно ќе исчезне заедно со сите скандали поврзани со неа. Но, по разводот таа водеше исполнет живот како сингл жена и медиумите беа преполни со информации за неа. Таа почна да се состанува со видни мажи.

Највпечатливи беа нејзините фотографии со Доди ал Фаед на одмор во Сен Тропе на неговата јахта. Принцот Вилијам често беше со неа на одморите со Доди.

Парот имаше сообраќајна незгода на 31-ви август 1997 година во Париз.

Scroll to Top