Кралскиот фотограф Артур Еванс, кој повеќе од 40 години го фотографирал британското кралско семејство, вели дека осознал дека бракот меѓу принцезата Дајана и принцот Чарлс е готов пред и официјално да се потврди тоа.
Еванс во едно свое интервју ја открил ситуацијата од животот на покојната принцеза Дајана и принцот Чарлс што јасно му ставила до знаење дека на нивната љубов ѝ дошло крај.
Еванс раскажал за последната турнеја на кралската двојка во 1992 година во Јужна Кореја. Тогаш му станало јасно дека нивниот развод е неизбежен.
„Кога бевме во Кореја на последната турнеја знаев дека меѓу нив двајца е готово, затоа што не можеа да поднесат да бидат во заедничко друштво. И двајцата беа така бедни“, вели Еванс за „Јаху“.
Еванс додал дека никој не бил изненаден кога месец дена подоцна било објавено дека двајцата се разведуваат.
„Стигнаа во Кореја со упатство да се однесуваат како заљубена двојка. Наместо тоа, тие се игнорираа. Не се ни погледнуваа еден со друг. Немаше никаков физички контакт меѓу нив. Изгледаа како двајца странци“, вели Еванс.
На турнејата биле во ноември 1992 година, а нивниот развод бил објавен на 9 декември, пишува „Мирор“. Разводот бил конечно официјализиран во 1996 година, а принцезата Дајана загина на 31 август 1997 година.