Како од бездомник Џенифер Лопез стана светска ѕвезда

By

Џенифер Лопез денес живее во слава каква што малкумина би можеле да ја имаат. Таа не е родена во богато семејство, но отсекогаш знаела дека еден ден ќе биде голема ѕвезда.

Лопез е родена на 24 јули 1969 година во Бронкс, предградие во Њујорк. Нејзините родители се Порториканци, а својата приврзаност кон мајка ѝ Лупе, Лопез јавно ја истакнува.

Детството го минала во мал стан и не толку завидна финансиска состојба. Додека била петгодишно девојчет почнала да оди на часови по балет.

„Мислам дека во танцот се заљубив додека бев уште во стомакот на мајка ми. Се сеќавам дека секогаш сакав да научам повеќе и да бидам подобра и подобра“, изјавила во една прилика Лопез.

Откако се појави првпат на часот по танц, повеќе никогаш не престанала со ова хоби, кое на крајот и донело и многу пари и слава. Лопез танцувала на разни мјузикли во средно школо и цврсто верувала дека ќе стане славна пејачка.

Кога го завшила средното школо, се нашла на голема раскрсница и пред голема одлука. Нејзината мајка сакала да се запише на колеџ, додека таа имала сосема други планови.

„Не сакав да продолжам со школувањето. Сакав да танцувам и тоа беше сè“, изјавила Лопез.

Кога на родителите им соопштила дека сака да стане глумица и танчерка, од нив не ја добила посакуваната поддршка како што очекувала. Во тој момент, со мајка ѝ не била во најдобри односи, но денес вели дека ѝ е благодарна за сè што направила за неа.

„Дури и на моменти кога од неа не го слушав тоа што ќе го посакав, мислејќи дека од неа ќе добијам сочувство, наместо тоа, таа ќе ми кажеше никогаш да не ја барам додека плачам“, изјавила Лопез.

„Ќе ми кажеше дека јас самата сум ја одбрала оваа професија и подобро е за мене да зацврстам. И зацврстив“, објаснила пејачката.

„Одлуката да го изберам својот сон ме чинеше. Едно време живеев како бездомник. Спиев на каучот во студиото за танц. Но, трудот се исплатеше“, вели Лопез.

Таа вели дека на почетокот не и било лесно и дека немала многу пари, но имала верба во себе.

Кога наполнила 21. година, се преселила во Лос Анџелес за да ги оствари своите сништа. Живеела со неколку цимери во еден стан, во не толку добри услови, но вели дека за тој период ја врзуваат најубавите спомени.

„Се сеќавам дека имав толку пари за да можам да си купам само едно парче пица дневно“, изјавила Лопез.

Минале неколку години додека не ја добила првата голема работа. Лопез победила на аудиција и добила улога на танчерка во серијата In living color. Тогаш добила можност да го промени целиот свој живот. Тоа било пресвртница која и донела големи работи и успешна кариера.

По настапот во In Living Color во 1995 година, Лопез ја добила првата улога во филмот Mi Familia, за кој доби позитивни критики. Истата година го снимила и филмот Money Train со Весли Снајпс и Вуди Харелсон, а година дена подоцна го сними и филмот „Џек“, со Робин Вилијамс во главната улога.

Првата голема шанса ја добила во 1997 година со главната улога во биографскиот филм „Селена“. За улогата на пејачката Селена Перез која ја одиграла на неполни 24 години, Лопез беше номинирана за „Златен глобус“.

Покрај глумата и танцот кои ѝ беа во крвта, сепак најмногу профилирала како пејачка. Својот деби албум On the 6 го издала во јуни 1999 година, пред точно 20 години и веќе на него го имала хитот If You Had My Love.

„Одев во трето одделение кога песната Rapper’s Delight ми го промени животот. Но, кога дојдов дома, мојата мајка слушаше друга музика како што е Тита Пуено и Диана Рос. Сите тие елементи сакав да ги уфрлам во мојата музика“, изјавила Џенифер за својата љубов кон музиката.

Со музичката кариера се вивна во ѕвездите, но продолжи со снимањето на филмови, меѓу кои и научно фантастичниот трилер The Cell. Откако во 2001 година нејзиниот албум J,Lo дебитираше на првото место на музичките поп листи, а со романтичната комедија The Wedding Planner со Метју Меконахи ги наполни сите кино сали, беше јасно дека нејзиниот живот повеќе нема да биде ист.

Љубовниот живот на латино пејачката отсекогаш го привлекувал вниманието на медиумите, затоа што бил многу турбулентен и интересен. Првпат се омажи во 1997 година за моделот и глумец Ојани Ноа. Тој брак траеше многу кратко.

 

По тој љубовен бродолом, се запозна со раперот Пи Диди. Нивната врска беше под лупата на јавноста, а пресвртницата се случи откако наводно биле вмешни во престрелка пред еден ноќен клуб во Њујорк, во кој тројца луѓе биле повредени.

Раперот беше обвинет за поседување на оружје, но подоцна беше ослободен од сите обвиненија. Сепак, овој инцидент влијаеше на нивната врска и двојката набрзо потоа раскина.

Набрзо по раскинувањето со раперот, Лопез ја започна романсата со танчерот Крис Џад, кој се појавуа во нејзиниот спот Love Don’t Cost a Thing. Во авгут 2001 година, двојката се вери, а се венчаа на крајот на септември. Девет месеци подоцна, ставија точка на бракот.

Есента 2002 година, Лопез влезе во врска со колегата Бен Афлек. Веќе во јануари ја објавија веридбата. 2003 година го снимија и заедничкиот филм Gigli, а глумецот се појави и во спотот за песната Jenny from the Block. Сепак, наместо венчавка, јавноста на почетокот на 2004 година, остана во шок поради изненадувачкото раскинување на веридбата.

„Сите сме имале големи љубови во животот и пропаднати љубовни врски. Јас сум најголемата романтичарка. Тоа е многу тажно. Им го велам тоа на луѓето, но никој не слуша. Се фрлам во љубовта, затоа што верувам во неа, но кога врската или бракот не успеваат, мораш да покажеш одговорност. Сите знаете дека кај мене одеше лошо. Сите се смееја, сите имаа свое мислење, а тоа били, секогаш боли“, изјавила Лопез.

Во јуни 2004 година Лопез се омажи за пејачот Марк Ентони, а двојката организираше приватна свадбена церемонија во нејзината вила во Лос Анџелес. Латино пејачката ги роди близнаците Макс и Ема во февруари 2008 година, но три години подоцна, двојакта се раздели.

„Се сакав себе си доволно за да си заминам. Размислував позитивно и одлучив да одам напред во животот, да одгледувам свои деца и да работам најдобро што можам како мајка, пејач и личност“, изјавила ѕвездата во интервју за Vanity Fair.

Новата љубовна среќа ја пронајде во својот пратечки танчер Каспер Смарт. Таа љубов траеше сè до 2016 година, а во 2017 година се заљуби во сегашниот партнер, бејзбол ѕвездата Алекс Родригез.

„Алекс го разбирам на начин на кој никој друг не би можел да го разбере и тој ме разбира мене на начин на кој никој друг не би можел. Верувам во бракот и би сакала да остарам со некого во врска. Но, моментално ништо не форсирам“, изјавила Лопез во едно од своите интервјуа.

Во март оваа година, двојката се вери на романтичен одмор на плажа.

„Го работам тоа што ми го вели мојот инстикт. Паметно е да ги послушате советите од другите луѓе, но на крајот на денот ти си единствената личност која може да каже што е исправно за тебе“, изјавила Лопез.

„Ако се фокусираш на парите, нема да стигнеш никаде. Можеш да посакаш да бидеш успешен, но на крајот на денот, ако парите ти се мотивација, ако имаш толку плиток поглед на животот, ќе бидеш празна личност. Нема да постои ништо од внатре што ќе те турка. Ќе немаш страст. Имало и од оние моменти кога повеќе не сакав да бидам јас. Гледано од надвор, можеби се чинеше дека тоа е гламурозен, возбудлив живот, но во тие моменти би го заменила со било кој друг. Навистина тоа почнуваше да ме погодува, а најлесната работа која можев да ја направат, беше едноставно да се повлечам“, изјавила отворено Џенифер Лопез во едно од своите интервјуа.

 

 

Ќе ви се допадне