Камерон Дијаз на 46 години ќе стане мајка

Американските таблоиди пишуваат дека холивудската актерка Камерон Дијаз (46) и нејзиниот сопруг, рокерот Беџи Маден, набргу ќе станат родители.

Актерката е фотографирана во ЛА, а на фотографијата под широката облека се гледа нејзината полна фигура.

Се шпекулира дека таа и нејзиниот сопруг долго се обидувале да имаат бебе, како и тоа дека раѓањето на бебето ќе помогне во бракот, кој до неодамна беше разнишан.

Камерон и рокерот Маден сè уште не се огласиле по ваквите шпекулации.

Scroll to Top