Камерон Диаз: Не сакам да родам, децата носат обврски

 

Холивудската актерка Камерон Диаз повторно го сврте вниманието кон себе со своите ставови околу мајчинството.

Таа во интервјуто за магазинот „Екваер“ потврди дека не сака да стане мајка и дека никој не може да го промени нејзиното мислење во врска со тоа.

„Не се покајав. Уште кога имав 18 години цврсто решив дека нема да родам деца. Децата со себе носат обврски, а јас од животот очекувам многу повеќе. Едноставно сакам да се посветам само на себеси“, рекла популарната актерка.

Таа смета дека родителството би ја спречило во остварувањето на сопствените цели, но вели дека, сепак,  ѝ било тешко да ја донесе оваа одлука и не се смета себеси за себична личност.

Scroll to Top