Американската актерка Камерон Дијаз беше фотографирана во природен и опуштен стил додека шеташе низ улиците на Њујорк.
Имено, актерката комбинираше фармерки со тексас кошула, додека косата ја врза во лежерна пунџа. Според фотографиите, Камерон изгледаше во одлично расположение.
Камерон Дијаз е отворена за својот пристап кон стареењето и изгледот. Пред неколку години, таа призна дека пробала ботокс, но брзо се предомислила.
„Пробав, но моето лице се промени чудно. Си реков: „Ова не сум јас“.
Cameron Diaz, 52. pic.twitter.com/hHWA7ircDr
— 𓂀 𝕋𝔼𝔸ℍ 𓂀 (@TeahCartel) August 6, 2025
Таа исто така нагласи дека научила да ги сака своите брчки: „Тие се доказ дека цел живот се смешкам. Го сакам животот и немам проблем со фактот дека се видливи.“
Во последните неколку години, Камерон ретко се појавуваше во јавност. По пет години, појавувањето на премиерата на „Назад во акција“ на Нетфликс во Берлин беше нејзино прво јавно појавување. Пред тоа, нејзиниот последен филм беше „Ени“ (2014), исто така со Џејми Фокс.
Камерон неодамна откри дека изминатите десет години, кои ги поминала во изолација, биле „десетте најдобри години“ во нејзината кариера.
Таа моментално работи на неколку нови проекти, а на есен ќе започне со снимање на „Лош ден“ на Нетфликс, во кој игра самохрана мајка во низа хаотични ситуации. На крајот на 2026 година, таа се враќа како глас на принцезата Фиона во „Шрек 5“.