Камила давала расистички коментари за Арчи, откри британски новинар

Сопругата на принцот Чарлс, Камила Паркер, давала расистички коментари за синот на принцот Хари и Меган Маркл, Арчи, пишува во новата книгата британскиот новинар, писател и истражувач Том Бауер, Harry and the War Between the Windsor’s.

dobivaj vesti na viber

Според него, кога врската на Хари и Меган стана јавна, Камила прашувала како ќе изгледа нивното дете и неговата коса, пишува Mirror. Според него таа била и причината зошто двајцата решиле да си заминат од кралското семејство и да се преселат во САД.

Во книгата пишува за разговорот меѓу Хари со Чарлс со Камила. Според една од верзиите, разговорот на моменти бил сериозен, но имало и шеги, а допрел три теми“, пишува Бауер.

Прво на Хари му било речено дека Меган мора да продолжи со глумата. Второ, не било дозволено Скотланд Јард да ја следи и да ѝ обезбеди 24-часовна заштита. И трето, според Хари, некој шпекулирал за тоа како неговото дете ќе изгледа во иднина.

„Зар не би било смешно вашето дете да има црвена афрофризура“, наводно им рекла Камила, пишува Бауер.

Хари кога ја видел реакцијата на Меган и се налутил на Камила, пишува Бауер. За потсетување, Хари и Меган минатата година и во интервју кај Опра Винфри го обвинија кралското семејство за расизам.

„Кога бев бремена со Арчи, на Хари во четири очи му беше кажано дека нема да добие никаква безбедност и титула, но и дека ќе биде претемен кога ќе се роди. Мислам дека и останатите детали кои ги слушнавме би можеле да бидат многу штетни за семејството“, рече Меган, но не сакаше да го открие кој разговарал со принцот за Арчи и за неговата боја на кожа пред да се роди, бидејќи тоа ќе му наштетело на кралското семејството.

 

Scroll to Top