Камила ги донираше мечињата „Падингтон“ оставени во чест на починатата кралица

Сопругата на британскиот крал Чарлс, ги донираше лично Падингтон мечињата на добротворна акција за деца. Станува збор за мечиња кои беа оставени во чест на покојната кралица Елизабета.

Камила ја посети градинката Барнардо во источен Лондон каде им подели дел од мечињата на децата. Таа беше во друштво на двајца актери од неодамнешните филмови на Падингтон, Хју Боневил и Медлин Харис, кои ги играа г-дин Браун и Џуди Браун во филмските адаптации на книгите за деца.

Луѓето оставиле повеќе од 1.000 мечиња Падингтон и други плишани мечиња меѓу масите цвеќиња и пораки пред палатите и кралските паркови во Лондон и Виндзор во деновите на жалост по смртта на кралицата Елизабета во септември.


Кралската врска со Падингтон произлегува од видеото во јуни, кога кралицата Елизабета се појави на чај со детскиот литературен лик, што стана еден од незаборавните настани на четиридневните прослави за одбележување на нејзината 70-годишнина од владеење со тронот.

Scroll to Top