Камила нема да стане кралица кога Чарлс ќе го наследи тронот

Принцот Чарлс кралскиот трон го чека веќе 71 година и во историјата дефинитивно е единствениот наследник кој толку долго ја чекал кралската титула.  Резиденцијата на принцот Чарлс и Камила Паркер данас потврди дека војвотката Камила нема да стане кралица придружничка кога Чарлс ќе стане крал. Оттаму само ја потврдија одлуката која на сила стапи во 2005 година кога таа се венча со Чарлс. Таа место кралица придружничка, ќе стане принцеза придружничка.

Камила е принцеза од Велс, но таа титула не ја користи, бидејќи и припаѓаше на Дајана и кралскиот дворец сметал дека со таа титула Камила само би имала лош имиџ во јавноста. Се претпоставува дека следна англиска кралица, по смртта на Елизабета, ќе биде Кејт Мидлтон, на која по смртта на кралицата треба да и припадне и титулата принцеза од Велс.

Scroll to Top