Сопругата на британскиот принц Чарлс, Камила, прва почнала да шири шпекулации во јавноста дека принцот Вилијам ја изневерил сопругата Кејт Мидлтон.
Седумдесет и тригодишната војвотка од Корнвел почнала да ги шири шпекулациите за да ѝ наштети на Кејт, која ја гледа како соперничка во преземањето на круната од британската кралица Елизабета Втора.
Според пишувањата на In Touch Weekle, таа правела сè што е во нејзина моќ да го спречи сценариото во кое Кејт ќе ѝ го одземе местото на кралица.
Поради тоа, Камила почнала да шири шпекулации дека принцот Вилијам ја изневерил Кејт со Роус Ханбери. Камила сакала да го разниша бракот на Вилијам и да ја наруши нивната слика во јавноста и да покаже дека омилената кралска двојка не е достојна да седне на престолот.
Извори од палатата говорат дека таа не успеала во тоа затоа што Вилијам и Кејт се посреќни од кога било претходно. Двајцата набргу ќе прослават десетгодишнина од бракот. Кога Кејт и Вилијам откриле кој стои зад тоа, влегле во жестока расправија со неа и Чарлс.
Како што пренесуваат таблоидите, Камила ги демантирала ваквите обвинувања, но Кејт не ѝ поверувала. Иако Мидлтон изгледа како срамежлива личност, таа наводно веќе подготвила пеколен план како да ѝ се одмазди на својата свекрва.