Кание ја обвини Ким дека го изневерила со НБА ѕвезда

Кание Вест ја обвини НБА ѕвездата Крис Пол дека му го растурил бракот на Ким Карадшијан. Тој напиша на „Твитер“ дека Ким го изневерила со ветеранот кој во моментов настапува за „Феникс Санс“, а потоа Илон Маск му го избриша профилот.

„Ајде да го направам и ова пред да ме избришат од „Твитер“ и да си заминам од тука. Го фатив ова момче со Ким. Добра ноќ“, напиша Вест неколку часа пред да му го избришат профилот.

Неговата објава предизвика реакции кај фановите, особено затоа што Крис Пол е оженет со Џед Крол од 2011 година и со неа има две деца. Кристофер Емануел Пол Вториот и Камрин Алексис Пол. Сепак и по ваквите објави, тој засега не се огласи. Не се јави ни Ким Кардашијан.

Крис Пол сезонава игра сè помалку, но и понатаму има договор за уште три сезони вреден 90.000.000 долари. За потсетување, на Вест претходно исто така му беше баниран профилот, но, повторно му беше вратен, откако во емисијата Info Vors на контроверзниот Алекс Џонс го фалеше Адолф Хитлер и објави симболи како свастика во Ѕвездата на Давид и бизарни симболи како кукастиот крст.

 

 

Scroll to Top