Кание ја обвини Ким дека не му дава да си ги види децата поради новиот дечко

Американскиот рапер Кание Вест, тврди дека неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан не му дава да си ги види децата. Како што пренесуваат американските медиуми, тој вели дека бил спречен од страна на обезбедувањето да влезе во нивната заедничка вила во Лос Анџелес.

Тој објасни дека прво ја донел ќерка му Норт од школо, но, кога таа сакала да му покаже нешто во куќата, тој бил спречен од обезбедувањето.

„Норт сакаше да ми покаже нешто во куќата, но, човекот од обезбедувањето рече дека не можам да влезам, а не ми кажа зошто. Не сакав да се расправам со нив“, рече Кание.

„Потоа слушнав дека новиот дечко на Ким е во куќата. Сигурно тој нема да се најде меѓу мене и моите деца, а моите деца нема да бидат на видеа на ТикТок без моја дозвола“, рече Кание.

Кание се сомнева дека поради новиот дечко на Ким, тој не може да си ги види децата. Ким ги отфрли ваквите обвинувања и рече дека Кание можел да си ги види децата кога ќе посака.

Таа во моментов е во врска со комичарот Пит Дејвидсот, кој наводно сè уште ги нема запознаено децата.

„Пит допрва треба да ги запознае децата, а за тоа време тој престојува во хотел во Беверли Хилс во Лос Анџелес, каде е и Ким. Тоа што го вели Кание се измислици“, рече извор близок до Кардашијан.

За потсетување, Кание и Ким ги имаат 8 годишната Норт, 6 годишниот Сент, 4 годишната Чикаго 2 годишниот Псалм. На почетокот на минатата година поднесоа барање за развод, а сега, година дена подоцна и двајцата имаат нови врски.

Scroll to Top