Раперот Канје Вест сака да се кандидира за претседател на Америка на изборите во 2024 година, пишува „Метро“. Ова не е првпат Вест да покаже интерес за претседателската функција. Тој уште во 2015 година изјави дека еден ден планира да живее во Белата куќа. Потоа во радио-интервју рече: „Ако одлучам да го направам тоа, ќе го направам. Јас нема само да се обидам. Ова ќе се случи во 2024 година“.
41-годишниот пејач неколкупати јавно му изрази поддршка на претседателот Доналд Трамп. Канје и неговата сопруга, ѕвездата на реалното шоу Ким Кардашијан, се блиски до милијардерот.
Коментарите на социјалните мрежи се поделени. Едни го исмеваат, други велат дека нема политичко искуство, а трети коментираат дека штом Трамп може да е претседател – секој може.