Канје Вест ќе се кандидира за претседател на САД во 2024 година, потврди раперот во видео кое беше објавено на Твитер од профилот Patriot Takes, а подоцна беше избришано.
Раперот имаше неуспешен обид за кандидатура пред две години, кога освои само 50 илјади гласови.
Вест објави дека контроверзниот ултрадесничарски коментатор Мило Јанопулос ќе работи со него на кампањата и дека веќе почнале да планираат.
Снимателот го прашал Канје дали ќе влезе во трката, на што раперот одговора со „Да“, бидејќи нема да може никој да му каже што треба да зборува, а што не.
Вест објаснил дека се работи за движење кон иднината, а објавата дојде откако неговиот профил на Твитер беше обновен.