Кара Делевињ стана најплатената британска манекенка откако минатата година заработи 4 милиони евра

Британската манекенка Кара Делевињ (30) минатата година заработила скоро 4 милиони евра што ја прави една од најуспешните манекенки досега.

dobivaj vesti na viber

Британската манекенка позната по истакнатите веѓи, односно трендот кој самостојно го постави пред десет години, стана една од најуспешните деловни жени во светот на моделството.

Кога ќе се соберат нејзиниот недвижен имот и заработката, што значи дека таа е на самиот врв по заработка на модната сцена.

Британските медиуми открија дека во 2021 година таа сè уште заработувала големи пари, дневно над 34 илијади евра.

Кара не е само модел, туку и сопственик на компанијата Harvey White Properties и се занимава со бизнис. Таа се проба и во актерството и всушност стана бизнисменка, една од најуспешните на полето на модата и манекенството.

Неодамна во јавноста излезе дека на нејзината сметка е активирана задолжница. Тоа значи дека некој ќе може да наплати доколку таа евентуално банкротира, што е малку веројатно.

Медиумите шпекулираат дека тоа би можело да е поврзано со нејзиното однесување оваа година и јавните испади во Калифорнија и аеродромот Ван Најс.

Сепак, и покрај веста за нејзиниот финансиски успех, уште во септември беа преземени мерки за заштита на нејзините американски интереси. Нејзините банкари HSBC поднесоа тужба против компанијата во април оваа година – и покрај фактот што таа имаше имот од речиси 4 милиони евра во тоа време.

Кариерата Кара ја започна во 2009 година, кога потпиша договор со Storm Management. Наскоро таа стана успешен модел за Burberry, YSL и Chanel. Таа потоа се сврте кон актерството, а неодамна глумеше во втората сезона на Only Murders In The Building заедно со Селена Гомез, Мартин Шорт и Стив Мартин.

 

Scroll to Top