Кардашијан ја снимија последната епизода од шоуто, Канје не дојде на снимањето

By

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан на „Инстаграм“ објави дека заврши снимањето на последната емисија од популарното шоу Keeping Up with the Kardashians, со кое се прославија семејствата Кардашијан и Џенер. На последниот ден дојдоа сите членови на семејството, нивните деца, единствено не дојде сопругот на Ким, раперот Канје Вест. По ова американските медиуми напишаа дека тоа е уште еден доказ дека двојката се разведува.

„Готово е. Не со солзи и пијалок, додуша. Официјално плачам. Ви благодарам за секоја секунда од овие 14 години“, напиша Ким и сподели слики и видеа од снимањето.

На почетокот на септември семејството Кардашијан објави дека шоуто ќе заврши по 20 сезони, во 2021 година.

„Со тешко срце мора да се збогуваме со шоуто ‘Кардашијанови’. По 14 години, т.е. 20 сезони, стотици епизоди и неколку спиноф-емисии, решивме како семејство да го завршиме ова толку специјално патување. Ние сме премногу благодарни на сите вас што нè следевте сиве овие години – низ добрите и лошите времиња, среќата, солзите и многуте врски и деца. Засекогаш ќе ги имаме прекрасните спомени и оние безброј луѓе што ги сретнавме на ова патешествие“, напишаа тогаш тие.

Реалното шоу почна да се прикажува 2007 година. Благодарение на него, Ким, Кортни и Клои Кардашијан, Кајли и Кендал Џенер, освен што се прославија во цел свет, заработија и милиони долари, почнаа свои кариери и отворија сопствени бизниси.

Ќе ви се допадне

Watch Banana Fish Episode 18 (https://kissanimeonline.com/m/wOvV/ep-18) at website https://kissanimeonline.com kiss anime monster

Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 18 at AnimeFreak animefreak bleach