Каков Божик би бил доколку семејството Кардашијан не ја објави божиќната семејна честитка. Ким и Клои вчера конечно ја објавија официјалната честитка, но без некои членови на семејството. За разлика од изминатите години, на овогодишната честитка биле само четири сестри и нивните деца, а недостигаат Кендал и нивниот брат Роберт, иако покрај Клои седи неговата ќерка Дрим.
Иако Кајли на својот инстаграм-профил потенцираше дека ќе носи провиден фустан, сепак таа носи бел комбинезон. Сите се облечени во бело, додека Клои носи и круна.
“Божиќ 2018. Оваа година чекавме до последниот момент со честитката. Распоредите ни се менуваа и поклопуваа, а мојот сопруг е надвор од градот. Но, на денот кога ја снимивме оваа честитка сфативме дека сите наши деца се заедно. Кендал и мојата мајка мораа да одат на состанок, па ова е најдоброто што можевме да го направиме. Се собравме во најголем број. Среќен Божиќ на вас и вашите семејства од нашето”, напиша Ким под честитката и откри дека Кендал сепак не изостана од фотографијата бидејќи нема деца, туку поради нејзините обврски.