Американската раперка Карди Би ја доби првата главна улога и ќе глуми во филмот Assisted Living, пишува „Варајати“. Ова е нов проект на „Парамаунт пикчрс“ и ќе почне да се снима напролет.
Филмот е комедија за која продуцентите рекоа дека личи на филмовите „Тутси“, „Калуѓерки во акција“ и „Госпоѓа Даутфаер“. Продуценти се Темпл Хил и Стивен Лав, а сценариото е на Кај Ојегон.
Ова ќе биде втора улога на Карди Би, која во 2019 година глумеше во филмот „Хаслерс“ со Џенифер Лопез, Констанс Ву и Кеке Палмер.