Карди Би заработи милон долари за настап од 35 минути

Раперката Карди Б на својот Твитер профил се пофали дека заработила милион долари за настап кој траел само 35 минути.

Карди Би неодамна настапи на фестивалот Арт Базел во Мајами.

„Ми платија милион долари за да настапам на приватен настан на елитен банкар за 400 луѓе за само 35 минути. Размислете за тоа кога пишувате за оваа добитничка на Греми“, напиша таа во сега избришаната објава на Твитер.

Пред неколку дена, италијанскиот уметник Алекссандро Паломбо се закани дека ќе ја тужи поради нејзиниот костим за Ноќта на вештерките Марџ Симпсон. Раперката го сподели својот костим со следбениците во објава на Инстаграм на 31 октомври, а на фотографијата беше прикажана како анимиран лик облечена во црн фустан на Тиери Муглер од 1995 година наместо типичниот зелен фустан.

Во објавата, Карди стави и фотографија од уметничкото дело што го инспирирал нејзиниот изглед, создадено од Алекссандро Паломбо во 2013 година како дел од неговата серија „Марџ Симпсон Стил икона“. Меѓутоа, таа го означила само Муглер, додека Паломбо не бил спомнат или означен.

„Карди Б и нејзините соработници го користеа моето уметничко дело без никакво овластување, деградирајќи го неговото првобитно значење, исклучиво за комерцијални цели“, изјави Паломбо за медиумите.

Scroll to Top