Кариерата ја почна како рапер, па ја одби главната улога во „Матрикс“, а сите го осудија за шлаканицата на Оскарите, Вил Смит го прослави 54. роденден

Легендарниот „Принц од Бел Ер“, актерот Вил Смит, викендов го прослави 54. роденден. Кариерата ја почна како рапер, па продолжи да глуми, а во меѓувреме беше и комичар. Фановите ќе го паметат по шлаканицата која му ја удри на Крис Рок на годинашните Оскари.

 Неговото официјално име е Вилард Керол Смит Џуниор. Откако влезе во Холивуд, го скрати на Вил Смит, името по кое денес сите го знаат. Во осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век, освои голем број награди како „Греми“ во 1989 за најдобра рап изведба. Во 1992 година ја освои истата награда за хитот „Самртајм“.

Ја одби главната улога во Матрикс, за да глуми во Wild Wild West. Рече дека не верувал во тој проект за да ја прифати понудата. Наместо тоа продолжи да глуми во акциската комедија, за која излезе дека не е ни половина од „Матрикс“, кој досега има четири продолженија.

Во повеќе наврати рече дека тоа му е најголемата грешка во кариерата. Беше прва хип хоп ѕвезда која е номинирана за Оскарите за настапите во филмовите „Али“ и „Потрага по среќа“. Двапати беше во конкуренција за наградата за главен глумец, но не победи.

Многумина коментираат дека е неверојатно што Вил, кој продаде милиони плочи како рапер во деведесеттите, стана актер на холивудската А-листа.

Во тандем со сопругата Џејд Пинкет Смит, во 2008 година отвори школа New Village Leadership Academy, која подоцна се затвори заради шпекулациите дека се работи за сциентолошка школа.

Беше главна тема и покрена лавина коментари, и позитивни и негативни, по инцидентот на доделувањето на Оскарите годинава, кога му удри шлаканица на комичарот и водител Крис Рок, кој рече неумесна шега на сметка на сопругата.

Рок ја навреди Џејд, која страда од алопеција, и ја спореди со Деми Мур во филмот „Џи-ај Џејн“. Пред Џејд, Вил беше во брак со Шери Флечер, со која се запозна во 1991 година. Со неа беше во брак до 1995 година и заедно го добија синот Треј. Во тоа време веќе ја познаваше Џејда.

Двајцата се венчаа две години откако Смит се разведе од Шери. Во изминатите децении Смит има направено низа корекции. Ги има оперирано ушите, а многумина шпекулираат и дека го затегнал лицето и дека има ставено филери или ботокс. Се сомневаат затоа што нема ниту една брчка.

Изјавил дека имал добри шанси да се запише на МИТ. Имал добри оценки, а и пријателка на мајка му работела во администрацијата на МИТ. Во тоа време барале многу Афроамериканци за во администрацијата, но недостигот на желба била причината да не се запише.

Го држи рекордот и за појавување на црвениот тепих. Има прошетано трипати за само 12 часа. Добар е во составување рубикови коцки. Може да состави една за помалку од една минута. Тоа го демонстрирал и во неколку филмови меѓу кои и The Pursuit of Happyness.

Станал милионер на 20 години. Заработувал како рапер и глумејќи споредни улоги во некои филмови. Имал проблеми и со даночните управи и плаќањето даноци, но брзо се извлекол, пренесе The Things.

Не само што стана првиот рапер кој е номиниран за Оскарите, туку годинава стана и првиот рапер кој го освои Оскарот за најдобар актер.

Контроверзните постапки на ѕвездата на „Крал Ричард“ на сцената ги засенија неговите достигнувања таа вечер, но освоената статуетка го смести меѓу најдобрите во неговата професија. 33 години пред да го добие Оскар, Вил стана првиот рапер кој се врати дома со  награда „Греми“.

Иако неговите постапки на Оскарите во 2022 година ќе го спречат да освои уште еден трофеј во блиска иднина, малку е веројатно дека Вил ќе заврши со освојувањето награди.
Scroll to Top