Казна од 10.000 фунти за Рита Ора за роденденската забава

Британската пејачка со косовско потекло Рита Ора пред неколку дена направи роденденска забава со 30 гости за својот 30. роденден во време кога во Лондон има забрана за собирања и карантин. На забавата дошла полиција и ја казниле пејачката со 10 илјади фунти.

Пејачката сликите од забавата ги објави на „Инстаграм“, а фановите ја осудија нејзината постапка. Тие биле лути и што на забавата била манекенката Кара Делавињ, која дошла од Америка непосредно пред роденденот, а според британските закони за Ковид-19, секој што ќе влезе во земјата мора првон да е 14 дена во карантин. По нападите од јавноста, Рита се извини јавно велејќи дека нејзината постапка била непромислена.

„Се извинувам, тоа беше лоша процена. Правев мал собир за прославата на мојот 30. роденден“, напиша поп-ѕвездата по реакциите во јавноста.

Според медиумите во Британија, роденденот го правела во ресторан, никој од присутните на забавата не носел маска, а журката била организирана во време кога главниот град е целосно заклучен и мерките за заштита од коронавирусот вклучуваат забрана за работа на трговските и угостителските објекти, забрана за јавни и приватни собири, како и полициски час.

Наспроти прописите, Рита и нејзиното друштво пиеле и играле во ресторанот и пред него, но по некое време се појавила полицијата. Таа, според извештаите, била казнета со 10.000 фунти и веќе ја платила казната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)

Scroll to Top