Ќе го убијам Вајнстин ако го видам – се закани таткото на Мајра Сорвино

By

Холивудскиот ветеран Пол Сорвино му се закани на продуцентот Харви Вајнстин дека ќе го убие откако се дозна дека тој ја ставил неговата ќерка, оскаровката Мајра Сорвино, на црна листа на актерки.

dobivaj vesti na viber

Во изјава за сајтот ТМЗ, Сорвино, познат по улогите на моќни мафијаши, му порача на Вајнстин дека му е подобро да заврши во затвор.

„Се надевам дека тој ќе оди во затвор затоа што ако некогаш ни се вкрстат патишта, мислам дека ќе заврши на земја“, кажа Сорвино.

Откако десетици жени, главно актерки, го обвинија Вајнстин за сексуално вознемирување и силување, вклучувајќи ја и Сорвино, против него сега се подготвуваат два судски процеси во Лос Анџелес.

„Подобро за него е да биде затворен. Ако не, ако ме сретне, јас ќе го убијам тој кучкин син“, уште еднаш се закани 78-годишниот Сорвино.

Мајра Сорвино откри дека Вајнстин сексуално ја вознемирувал во хотелска соба во средина на 90-тите и таа се сомнева дека поради ова останала без улога во „Господар на прстените“.

Ќе ви се допадне

đánh lô trên go88 go88 bị sập rút tiền go88

ông chủ nhà cái sunwin Sunwin - Nhà cái Game Bài Đổi Thưởng Hay Nhất 2022 sunwin healthcare pvt ltd