„Ќе ми биде тешко без него“, сопругата на Шон Конери со емотивна порака се прости од актерот

By

Сопругата на холивудскиот актер Шон Конери, Мишелин Рокебрун, со емотивна порака се прости од оскаровецот. Рокебрун, која со Конери беше во брак повеќе од 45 години, вели дека тој бил прекрасен човек и дека имале одличен заеднички живот.

„Во последните неколку дена тој дури и не можеше правилно да се изрази затоа што страдаше од деменција. Почина мирно, во сон и најважно е што тој тоа и го сакаше “, изјави 91-годишната Мишелин.

„Тој беше прекрасен човек и имавме одличен живот заедно. Тој беше човек кој другите можеа да го имитираат. Ќе ми биде тешко без него, го знам тоа. Но, јас сум свесна дека не можевме да бидеме вечно заедно“, вели Рокебрун.

За потсетување, Шон Конери почина изминатиот викенд на 91-годишна возраст. Тој почина мирно во сон во својот дом на Бахамите. Шонери беше познат по голем број филмови, но најмногу ќе остане запаметен како човекот кој прв го глумеше тајниот агент Џејмс Бонд.

 

 

Ќе ви се допадне

4Anime one piece 4anime: Fairy Tail (https://4anime.biz/m/P84) Episode 175

ANIMEFLIX animeflix kamisama kiss: Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 13