„Ќе платите голема цена за овие солзи“, се закани сестрата на Роналдо

На синоќешниот меч во Лигата на шампиони меѓу Валенсија и Јувентус беше исклучен најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо, а на ваквата одлука имуна не остана сестрата на Португалецот, која јавно упати закана до главниот арбитар, Феликс Брих.

„Скапо ќе ги платите овие солзи. Господ никогаш не спие. Сакате да го уништите, но нема да успеете во тоа. Ова е голем срам за фудбалот“, напишала Кати Авеиро на „Инстаграм“.

На објавата таа постирала и фотографија од нејзиниот помлад брат, кој во солзи предвреме заврши во соблекувалната.

Напаѓачот на Јувентус неславно го почна своето деби во новиот клуб во елитното фудбалско натпреварување, откако во 29. минута за контакт со противничкиот фудбалер заработи директен црвен картон.

Претходно Авеиро негодуваше и за изборот на Лука Модриќ за најдобар европски фудбалер. Таа ја спореди статистиката и објави дека нејзиниот брат има повеќе заслуги за да ја добие оваа престижна награда, откако во Лигата на шампиони постигна 15 голови.

 

 

Scroll to Top