Драмата зад сцената за тоа како „Њујорк тајмс“ ја разоткри приказната за обвинувањата на моќниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн за сексуално злоставување ќе биде реализирана како игран филм, објави „Ју-ес-њуз“.
„Анапурна пикчрс“ и „Плен би ентертејмент“ на Бред Пит ги добиле правата за сторијата од новинарите Џоди Кантор и Меган Твохи, потврдил портпаролот на „Анапурна“, Ешли Момтахени.
Џоди Кантор и Меган Твохи годинава добија и Пулицерова награда за истражување на сторијата поврзана со Вајнстин.
Проектот ќе се работел по примерот на филмот „Под лупа“, којшто доби Оскар, а исто така зборуваше за истражувачка новинарска сторија.