Ќе се снима продолжение на филмот „Сам дома“

By

Рајан Рејнолдс работи на ново продолжение на филмот „Сам дома“, но верзијата за возрасни ќе биде под наслов Stoned Alone.

Deadline пишува дека приказната ќе го следи животот на едно момче кое е склоно кон пушење на марихуана. 20 годишното момче ќе го пропушти летот за скијање, ќе се напуши и ќе си помисли дека некој ќе се обиде да му провали во домот. Но, тогаш се јавува неочекуван пресврт. Некој навистина ќе се обиде да му провали во куќата, а тој на арамиите им поставува замки, како оние на Кевин од 90-те години.

Рејнолдс ќе го работи филмот, за филмската куќа „Фокс“, а наводно и ќе глуми во истиот. Социјалните мрежи веќе се преплавени со воодушевувачки коментари, па се чини дека Рејнолдс би можел да има вистински хит.

Ќе ви се допадне