Ќе се снимаат четири документарци за „Ролинг стоунс“ за 60-годишниот јубилеј

Шеесетгодишниот јубилеј на „Ролинг стоунс“ ќе биде одбележан со четири документарци на „Би-Би-Си“, во кои секој член ќе ја раскаже приказната за групата од своја перспектива. Еден од најголемите рок бендови во историјата го имаше првиот настап на 12 јули 1962 во лондонскиот џез клуб „Марки“.

Едночасовните документарци од серијалот „My Life As A Rolling Stone“ ќе содржат нови интервјуа со Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд, а во филмот за покојниот тапанар Чарли Вотс ќе бидат употребени архивски материјали. Групата продолжи да настапува и по неговата смрт, па дел од јубилејот ќе биде и европска стадионска турнеја во јуни и јули.

Во класичната постава беше и гитаристот Брајан Џонс, кој почина во 1969, додека басистот Бил Вајман беше член од 1962 до 1993.

Scroll to Top