Кејт Аптон е најсекси жена на светот според магазинот „Максим“. 25-годишниот американски модел се најде на насловната страница на најновото издание на магазинот. Фотосесија е снимена во израелска пустина.
„Напорно работам на себе. Да се биде број еден на топ 100 листата е мала награда за сета таа напорна работа. Фотосесијата ја направивме во Израел и едно вакво патување беше на мојата листа на најголеми желби“, вели Аптон.
Забавата „Хот 100“ на „Максим“ ќе се одржи на 21 јули во Холивуд, а во меѓувреме ќе бидат објавени и имињата на останатите жени од листата.
Аптон од лани е во брак со бејзбол играчот Џастин Верландер.
Таа ја наследи титулата од Хејли Болдвин.