Австралиската актерка Кејт Бланшет ќе биде претседател на жирито на 71. Меѓународен филмски фестивал во Кан, што ќе се одржи од 8 до 19 мај. Таа е дванаесеттата жена што ќе биде на чело на жирито на Канскиот фестивал. Претходната жена-претседател беше новозеландската режисерка Џејм Кемпион.
Оскаровката последниве месеци е една од предводничките во борбата против сексуалното вознемирување и со актерките Натали Портман и Мерил Стрип ја формираше фондацијата „Готово е“ (Time’Up) за помош на жртвите од сексуално малтретирање.