Кејт Мидлтон бремена четврти пат, носи девојче

Британскиот портал „Госип кап“ пишува дека војвотката Кејт Мидлтон е бремена четврти пат и дека повторно носи девојче. Тие се повикуваат на блиски пријатели на Кејт и Вилијам и тврдат дека војвотката ги има сите симптоми на рана бременост.

„Тие сакаат да имаат две момчиња и две девојчиња. На Кејт ѝ е важно нејзините деца да имаат меѓусебна силна врска како што ја има таа со нејзините брат и сестра, а тоа ќе се случи ако меѓу децата е мала разликата во годините“, рекла неименуваната пријателка на Кејт за порталот.

Магазинот „Стар“ ги стави Кејт и Вилијам на насловната страна и пишува дека Кејт повторно носи широка облека, избегнува алкохол и јаде кари, кое најмногу го јаде кога е бремена.

„Почна да јаде и кекс од лаванда кој ѝ помага при утринските мачнини“, додала пријателката на Кејт.

Бакингамската палата до сега не ја потврдила веста.

Scroll to Top