Кејт Мидлтон фотографирана без веренички прстен, гласини за брачни проблеми

Принцезата Кејт Мидлтон, сопруга на принцот Вилијам, го посети здружението Акција за деца, каде се сретна со мајки кои ги родиле своите деца во затвор. Сепак, вниманието на многумина од настанот го одвлече тоа што Кејт не носеше веренички прстен.

Многу луѓе веднаш почнаа да шпекулираат за причината за овој потег. Меѓу другото, се шпекулира и за проблеми во бракот со Вилијам, а според некои извештаи, принцезата можеби има посебна причина за тоа.

Имено, Кенсингтонската палата уште во 2020 година изјави дека Кејт го вади својот накит при посета на деца за да спречи потенцијални несреќи.

Кејт во последните месеци неколку пати беше фотографирана без нејзиниот веренички прстен, кој е наследство од мајката на Вилијам, принцезата Дијана. Понекогаш го заменува со својот венчален прстен или друг прстен, за што некои шпекулираат дека е прашање на практичност.

Scroll to Top