Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, го одбележа својот 40. роденден со три гламурозни портрети кои ги сликаше модниот фотограф Паоло Реверски. Кејт за роденденската фотосесија носи фустани од Александер Меквин.
„Војвотката му дава надеж на целиот свет со својата позитивна енергија“, изјави Роверси по објавувањето на сликите. Тој ги опиша фотографиите како „момент на чиста радост“.
На еден од портретите, Кејт носи обетки позајмени од кралицата, а на другите две накит што ѝ припаѓаше на принцезата Дијана.
Кејт ќе го прослави роденденот со семејството во Норфолк и нема да прави голема забава. Таа во 2010 година се сврши со принцот Вилијам. Двојката се венчаа наредната година и имаат три деца, синовите Џорџ и Луис и ќерката Шарлот.