Кејт Мидлтон го сакала Хари, па завршила со Вилијам

Британските медиуми наголемо пишуваат за љубовната животна патека на војвотката Кејт Мидлтон и животот што го имала пред да биде со својот сопруг, принцот Вилијам. Кејт и Вилијам се запознале во 2003 година додека таа студирала на Универзитетот „Св. Ендрус“.

Но, малкумина знаат дека во тие моменти срцето на Кејт му припаѓало на друг. „Стори.хр“, повикувајќи се на „Дејли мејл“, кој се повикува на извор близок до палатата, пишува дека Кејт пред да се заљуби во Вилијам имала момче со име Хари Блекелок.

Двојката била во врска една година и иако биле одлучни во намерата врската да им успее, сепак Хари се одлучил да направи пауза во студирањето за да може да го прошета светот. Со тоа тој ставил точка на врската со Кејт.

Прекинот силно ја погодил Кејт, која во тој период често им зборувала на своите пријатели дека сака повторно да биде со Хари и дека многу го сака, објаснил изворот за „Дејли мејл“.

И покрај желбата за да ја обнови романсата со Хари, две години по прекинот, Кејт го запознала атрактивниот принц Вилијам, а сè што се случило по таа средба стана една од најубавите љубовни приказни од дворецот.

Двојката бргу стана нераздвојна, хемијата била очигледна, а Кејт од обична девојка се претвори во принцеза од насловните страници на светските магазини.

Во врската кралската двојка имала голем број подеми и падови, но по седум заеднички години, британскиот престолонаследник на крајот ѝ ја побара раката на својата девојка. Се венчаа една година подоцна со огромна церемонија.

Денеска, тие се во среќен брак и имаат три деца. Ги имаат седумгодишниот принц Џорџ, петгодишната принцеза Шарлот и тригодишниот принц Луис.

Scroll to Top