Кејт Мидлтон исплашена за себе и за семејството, војвотката го засили обезбедувањето

By

Војвотката Кејт Мидлтон е ислашена за себе и за семејството и затоа го зголемила своето обезбедување, пишуваат британските медиуми.

Британското кралско семејство е едно од најпознатите во светот. На речиси сите членови им се следи секој чекор, па чуди тоа што многумина сакаат да им се доближат колку е можно повеќе.

Таа желба често ги надминува границите на нормалата, па се случувале обиди на незаконско влегување во палатата.

Еден од најпознатите случаи е инцидентот во 1982 година кога Михаел Фаган влегол во спаланата соба на кралицата Елизабета. Кралското семејство се соочило со сличен случај и пред седум години. Токму таквите ситуации побудиле страв кај Кејт.

Според пишувањата на светските медиуми, таа ја гледала серијата на „Нетфликс“ за кралското семејство, во кое се прикажани и се зборува за некои од ваквите инциденти. Токму тоа ја натерало да го засили своето обезбедување.

„И покрај тоа што палатата е една од најстрого чуваните резуденции во светот, Кејт побара зголемување на бројот на кралското обезбедување и чувари што ќе патролираат околу нејзиниот дом“, раскажал изворот за магазинот Woman’s Day.

 

 

Ќе ви се допадне