Кејт Мидлтон ќе се врати на кралските должности во јуни – палатата се огласи за здравјето на принцезата

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ќе присуствува на церемонијата Trooping the Color на 8 јуни, по повод нејзиното враќање на кралските должности по операцијата на стомакот.

Министерството за одбрана потврди дека Кејт Мидлтон ќе биде присутна на Парадата на гардата на коњите во Вестминстер.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, имаше операција на абдоменот на 16 јануари и оттогаш не беше видена во јавноста.

Од Кенсингтонската палата не сакаа да откриваат многу детали за нејзината здравствена состојба, само кажаа дека принцезата ќе им се врати на обврските по Велигден.

Многумина беа загрижени поради тоа што нејзината состојба се чува во тајност, иако во јавноста многу се зборува за здравјето на кралот Чарлс, кој имаше операција на простата две недели откако Кејт имаше интервенција.

Сепак, Кејт Мидлтон вчера беше фотографирана во близина на замокот Виндзор, како што пренесе ТМЗ, во автомобил со кој управувала нејзината мајка Керол.

Кејт носеше големи очила и благо се насмевна, а многумина коментираа дека се надеваат дека тоа е знак дека нејзиното закрепнување оди добро.

Текстот Кејт Мидлтон ќе се врати на кралските должности во јуни – палатата се огласи за здравјето на принцезата е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top