Кејт Мидлтон направи четири кралски портрети за четвртиот роденден на принцот Луис

Најмалото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, Луис, полни четири години, а војвотката од Кембриџ и овој пат ги направи кралските фотографии. Со тоа Кејт ја продолжи традицијата сама да ги прави сликите од своите деца за нивните родендени.

Од Бакингемската палата објавија четири портрети на плажа кои ги сликала Кејт. Сликите се направени на почетокот на април во близина на селската куќа на семејството во Норфолк, а го прикажуваат принцот Луис како си игра на песокот, додека трча на плажа и држи топка за крикет.

„Утре полни 4 години“, напишаа Вилијам и Кејт во честитката на социјалните мрежи.

Не е тајна дека Кејт и Вилијам со децата често одат на плажите во Северен Норфолк, до кои се стига брзо од нивниот дом во Анмер Хол. Лани тие споделија семејно видео на кое се прикажани децата како се качуваат по песочните дини и печат бел слез над оган.

 

Освен Луис, Вилијам и Кејт ги имаат и синот Џорџ (8) и ќерката Шарлот (6).

Scroll to Top