Кејт Мидлтон нема да се појави на парадата во јуни

Бакингемската палата потврди дека принцезата Кејт Мидлтон нема да се појави на парадата во средината на јуни, и покрај многуте очекувања.

На парадата, позната како Trooping the Colour, ќе учествуваат кралот Чарлс и кралицата Камила. Но, овој пат, наместо на коњ, кралот ќе биде во кочија, а се верува дека тоа е препорака на лекарот поради неговата дијагноза рак.

Да потсетиме, Кејт во јануари заврши во болница каде и беше оперирана. Два месеци подоцна таа на социјалните мрежи објави дека боледува од рак. Таа не ги откри деталите за нејзината болест, а јавноста побара приватност за време на нејзиното закрепнување.

Меѓутоа, во последно време Кејт се почесто се дружи и излегува од дома.

Дејли мејл истакнува дека принцезата од Велс почесто ја гледале со своето семејство во последните неколку недели, а вработените во палатата велат дека биле преплавени со десетици илјади писма во кои и посакувале добро на принцезата откако и била дијагностицирана болеста. На адресата на палатата вообичаено пристигнуваат околу илјада писма неделно, а откако стана позната нејзината дијагноза, нивниот број се зголеми за десет пати.

Scroll to Top