Кејт Мидлтон призна дека сака уште едно дете

Кејт Мидлтон за време на турнејата во Данкса призна дека сака да има уште едно дете. Таа на овој пат беше сама без сопругот, принцот Вилијам. Кејт го посети Copenhagen Infant Mental Health Project каде се сретна со родителите и нивните деца.

Рече дека Вилијам бил опседнат со бебиња и само за тоа зборел кога таа ќе се вратела од долгите патувања, пишува Page Six.

„Ваквите ситуации ме поттикнуваат да размислам. Вилијам секогаш е загрижен по моите турнеи затоа што знае дека се запознавам со многу деца и гледам многу бебиња. Секогаш кога ќе се вратам дома му велам дека сакам уште едно“, рече Мидлтон.

Портпаролите на нејзината кралска фондација, рекоа дека таа ја планирала оваа турнеја за да научи како Данска, која е светски лидер во начинот на развој на среќно детство, ја користи моќта на природата, односите и учењето низ играта во првите пет години од детскиот живот.

Принцот Вилијам од друга страна пак како да му е доста од деца. Неколку недели претходно додека беа со Кејт во посета во болницата во Ланкашир, се пошегува на таа тема.

„Немојте да ѝ давате идеи на мојата сопруга“, низ смеа рече Вилијам, додека медицинската сестра го стави во прегратката на Кејт едно од бебињата од болницата.

„Дали сакате уште едно“, ја праша тогаш Кејт таткото на бебето, која пак му одговори дека Вилијам е тој што прави проблеми.

За потсетување, Кејт и Вилијам се запознаа во 2001 година за време на нивното студирање. Во 2011 година тие стапија во брак и добија три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

 

Scroll to Top