Кејт Мидлтон за прв пат во јавноста по операцијата

Кејт Мидлтон последен пат беше видена во јавноста на крајот на декември, по што палатата објави дека била принудена привремено да се повлече од службените обврски поради операција на абдоменот.

Тие најавија и дека годинава нема да се врати на деловните обврски пред Велигден. Сепак, Кејт се појави за прв пат откако беше хоспитализирана.

Принцезата од Велс беше видена како се вози во автомобил управуван од нејзината мајка Керол во близина на замокот Виндзор во Велика Британија во понеделникот.

Кејт носеше очила за сонце и изгледаше како да се насмеа, пишува „TMZ“.

На социјалната мрежа Х се појавија бројни коментари дека на сликата е нејзината сестра . Некои се радуваа што после долго време повторно ја видоа: „Оваа личност личи на нејзината сестра“, „Изгледа поинаку“, „Убаво е да се види повторно таа“, „Ова е некој што го најмиле да се преправа дека е Кејт за да ги запрат гласините“, „Очигледно не е таа“ стои во дел од коментарите.

Scroll to Top